Ќе мора ли да има договор за Делчев пред првата меѓувладина комисија?

Меѓусоседското пријателство во форма на закана за старт на преговори со ЕУ ги интензивира  средбите меѓу Македонија и Бугарија на политичко ниво и меѓу историчарите. По долга блокада од потпишувањето на Договорот за Добрососедство, македонската Влада работи на две траки - дипломатска офанзива на Брисел и средби со официјална Софија. 

Ќе мора ли Делчев да се реши пред декември? Симонида Кацарска од Институтот за европска политика вели дека Бугарија врши притисок, а секоја закана на било која земја членка на ЕУ дека ќе бидеме блокирани во декември, треба да ја сфатиме сериозно. 

„Не мислам дека овие прашања требаше било кого да изненадат. Несомнено е дека тие се обидуваат да решат некои прашања и да извршат притисок врз нашата страна во овој деликатен момент, затоа што ова е исто така момент во кој што нивното влијание е најголемо бидејки ова е одлучувачки момент за почеток на преговорите. 6.34  Дали Бугарија била во наводници кажано помалку или повеќе значајна земја мислам дека не ни одат никому во прилог. Треба да го искристиме моментумот на германското претседателство кое што е отворено за дискусија на овие прашања.“ - вели Симонида Кацарска директорка на Институтот за европска политика.

Заев и Борисов вчера во телефонски разговор договорија средба на бугарско тло, пред почетокот на Берлински процес во ноември. Датумот засега не се открива, ниту пак, по каков тек ќе се движат разговорите. И двете страни само објавија соопштение , кое ни помалку ни повеќе, како пресликано ги содржи речиси истите реченици. 

„Премиерот Бојко Борисов рече дека Бугарија останува доследна во поддршката за европската иднина на Република Северна Македонија и изрази уверување дека двете земји ќе останат посветени на спроведувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година.“ - велат од Владата на РСМ и Владата на Р. Бугарија.

Во меѓувреме новата рунда преговори на  Комисијта историчари ќе се одржи на 15 и 16 октомври, а според последните изјави од македонска страна, барањето на Бугарија за Гоце Делчев да биде запишан како Бугарин останува неприфатливо. Бугарската страна од Комисијата пак децидни – бараат решение за Делчев пред да продолжат понатаму.