Ќе има тестирање за запишување во оние средни училишта каде ќе се пријават поголем број ученици, МОН го објави конкурсот

Деветоодделенците годинава за запишување во средно училиште ќе имаат еден уписен рок со две пријавувања кои ќе бидат на 20 и 21 јуни и подоцна на 27 и 28 јуни. Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис на ученици во средните  училишта. 

Во училиштата каде што ќе се пријават поголем број ученици од планираниот, а кои ги исполнуваат предвидените услови, ќе се организира квалификациско тестирање.