Ќе има ли утре пак блокади од приватните автобуски превозници?
Приватните превозници денеска ќе одлучат како ќе се одвива нивниот утрешен протест – со блокада само на раскрсницата кај Мавровка, или 200 нивни автобуси ќе блокираат неколку раскрсници во центарот на градот со што може да дојде до целосна блокада на сообраќајот во главниот град.
Договор за исплата на долгот на ЈСП Скопје кон приватните превозници – нема.
Инспектори на УЈП и на Финансиската полиција ја проверуваат документацијата на ЈСП и на приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“.
Претставници од приватните превозници велат дека денеска ќе имаат координативен состанок за понатамошно дејствување, по што ќе ги објават деталите за нивното натамошно дејствување.