Ќе има ли уставни измени?

Ќе има или не уставни измени. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека уставни измени под овие услови не може да се случат.

Според поранешниот пратеник на СДСМ Јани Макрадули Владата го оставила предлогот за уставните измени на чекање.

Аналитичарот Сефер Селими пак смета дека ако не се случат уставните измени, тоа ќе биде неодговорно од сите политички чинители во државата.