Ќе има ли пелети за престојната зима и по која цена?

Во ек на грејната сезона и во пресрет на зимата може да има недостиг на пелети на пазарот. Производителите на пелети реагираат на одлуката на владата за ограничување на цената во малопродажба дека е неодржлива и нефункционална.

Па така од први декември околу 45.000 домаќинства може да останат без греење на пелети. Од здружението на пелети бараат помош од Владата да ги прифати барањата за субвенции за пелети. Додаваат дека Македонија е зависна од увоз на пелети. 

Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека анализите ги направило министерството за земјоделство а одлуката да се замрзнат цените на 27.000 денари за тон е во интерес на граѓаните. 

Продажната цена по килограм пелети во земјава е околу 55 денари, а со замрзнувањето ќе биде 27 денари за килограм.