Ќе има ли одговорност за обидот за бегство од Идризово?

Филмскиот обид за бегство од Идризово  отвара  многу прашања, дали и кој им помагал на затворениците во акцијата.

Ќе има ли уште откази и одговорност..Засега е разрешен само директорот. Од неговата матична партија Алтернатива велат дека токму тој е заслужен за откривање на планот на доживотно осудените затвореници.

Директорот на Управата за санкции за ТВ 24 вели дека тунелот се затрупува, а врз него ќе има шеталиште.