Ќе има ли нови разговори со Бугарија, посетата на Фон дер Лајен ги подели власта и опозицијата

Министерството за надворешни работи се уште го чека позитивниот сигнал од официјална Софија  за средбата која ја иницираше а ја  предложи  претседателката на европската комисија Фондрелајен по посетата на  Скопје. Во отсуство на официјален одговор од властите во Софија премиерот Мицкоски  рече дека не сака повеќе да навлегува во темата додавајќи дека тоа што се барало од нив е направено а сега на потег е другарта страна . Сепак коментирајќи ги тезите  на опозицијата дека средбата со Фондерлајен била разочарувачка за земјата,  додаде дека напротив Фондерлајен ја пофалила власта за како што рече инспиративно работење на патот на евроинтеграциирте .

Првиот опозиционер Венко Филипче пак денеска со нови обвинувања дека власата и досега требала да иницира но и реализира  повеќе средби со соседните земји членки на ЕУ а не да чекаат некој од надвор да им каже. За Филипче средбата на Мицкоски со Фондерлајен е разочарувачка и уште еднаш ги исфрлила  на површина аномалиите на како што рече лошото справување со евроинтегративните процеси на актуелните власти .

Бугарската претседателка Илијана Јотова пак вчера одговарајќи на новинарски прашања на темата  рече дека се умерени оптимисти но и потсети дека преговорите не треба да  се билатеризираат туку се водат на ниво на пропишпаната рамка која на Македонија и е дадена како домашна задача и притоа очекува од македонска  страна да нема ултиматуми. 

Јотова кон тоа додаде и дека не била запознаена точно за што Фондерлајен разговарала во Скопје но рече дека верува во цврстите позиции на претседателката на Европската комиција . Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов додаде дека очекува спроведување на договорот за добрососедство .