Ќе има ли договор за примирје меѓу Израел и Хамас?

Израел и хамас блиску до примирје. После месец и половина крвави борби во појасот Газа, првиот човек на палестинската организација Исмаил Ханија тврди дека преку посредници, двете страни, изминатиот период постојано се во контакт.

Во моментов, преговорите се фокусирани на тоа колку долго ќе трае примирјето, аранжманите за испорака на помош во Газа и размената на израелски заложници за палестинските затвореници во Израел. Потврда дека мировните преговори се во напредна фаза доаѓаат и од Катар, кој е медијатор во преговорите меѓу двете завојувани страни.

“Ние сме на најблиската точка во која некогаш сме биле во постигнување договор. Оптимисти сме и се надеваме дека ќе има договор. Но, исто така  заинтересирани сме ова посредување да успее да постигне хуманитарно примирје.“ - изјавија од Министерствотото за надворешни работи на Катар,

Договорот би опфатил ограничување на израелските воздушни напади врз јужниот дел на појасот а Хамас за возврат би ослободил околу израелци, но само доколку тие се цивили. Според планот, Израел, се обврзува да послободи речиси 300 Палестинци кои моментно се наоѓаат во израелските затвори.

А додека траат преговорите, израелската армија продолжува со нападите. Од војската тврдат дека борците на Хамас ги користат верските објекти како засолништа и места каде се подготвуваат за борба.

Според портпаролот на израелските вооружени сили, дека под една од џамиите во Газа, била откриена работилница што палестинската група ја користи за производство на ракети.

„Џамијата, во областа Зејтун, се користела како лабораторија за производство на оружје. Терористите прават ракети во џамијата. Тие го користат исламот и симболите на исламот за тероризам.“ - ИЗЈАВИ Даниел Хагари портпаролот на ИДФ.

Од Европската унија велат дека создавањето независна палестинска држава е најдобрата гаранција за безбедноста на Израел, но и стабилизџирање на состојбата во регионот.

„Израел не треба да го окупира Појасот Газа и контролата над него треба да биде предадена на палестинските власти..И покрај огромните предизвици, неопходно е да се размислува за стабилизација на Газа и за идната палестинска држава..Краткорочно, во регионот постои „чувство на итност“ поради очајната хуманитарна ситуација во Појасот Газа.“ - изјави изјави Жосеп Борел еврокомесар за надворешни работи и безбедност.

Од хуманитарните организации велат дека се подготвени, доколку има прекин на огнот, веднаш да достават хуманитарна помош за населението во Газа. Предупредуваат дека помошта е од витално значење за да се спасат животит на населението и да се спречи катастрофа од болестите кои би можеле да се појават во текот на зимата.