Ќе има ли деблокада на меѓупартиските преговори за законот за јавно обвинителство?
Foto

Ќе има ли деблокада на меѓупартиските преговори за законот за јавно обвинителство?

И покрај несогласувањата на власта и опозицијата за последните предлози кои работната група на ВМРО ДПМНЕ ги достави до Министерството за правда околу Законот за ЈО преговорите и натаму продолжуваат информираа и денеска од власта. Владиниот портпарол Миле Бошњаковски посочи оти иако предлозите на опозициската партија не се во склад со ЕУ и се неприфатливи за нив сепак тоа не значи дека преговорите нема да продолжат но не конкретизираше термин кога повторно ќе има средба.

ВМРО-ДПМНЕ пак не отстапуваат од тврдите позиции да запрат сите истраги на СЈО заклучно со 30 јуни 2017 та година но и денеска велат остануваат на веќе познатиот став односно дека

„СЈО треба да се изедначи со сите обвинителства односно сите обвинители да имаат рамноправен третман. Вака поставеното СЈО сега има многу поголеми можности, соработници и затоа треба да се изедначи со можностите како и останатите обвинителства. Тие што не се квалитетни да се тргнат. Нашиот став е јасен, тоа беше став и на премиерот. Ајде ако веруваме во правда јавниот обвинител да биде од опозиција.“

И официјалните и неофцијалните инфорамции кои до сега беа пласирани во јавноста беа во насока дека Катица Јанева и натаму е прашање за кое лидерите Заев и Мицкоски ќе треба да се договорат односно едниот да се повлече . Работните групи на власта и опозицијата досега одржаа неколку средби во изминативе недели за Законот за јавно обвинителство со кој треба да се реши и статусот на Специјалното јавно обвинителство а се очекува таквите средби да продолжат и во следниот период. За законот пак да ја помине собраниската процедура потребно е двотретинско мнозинство.

0 Коментари

Остави коментари