ЌЕ ИМА ЛИ ДАТУМ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ОКТОМВРИ?
Foto

ЌЕ ИМА ЛИ ДАТУМ ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ОКТОМВРИ?

Нема веќе никакви пречки Северна Македонија да ги започне преговорите со ЕУ, порачува германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас, после средбата со министерот Димитров во Берлин. Мас вели дека нема само да се залага за почеток на преговорите туку за тоа ќе лобира во германскиот Бундестаг.

- „Не гледам воопшто никакви пречки за почеток на преговорите со Северна Македонија. Она што беше сторено во реформскиот процес е забележително. Предусловите за почеток на преговорите се исполнети и затоа се залагаме за нивно започнување - како во Бундестагот, така и кај нашите партнери во ЕУ“ - Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија.

По посетите на Париз, Брисел и Берлин неделава министерот Димитров вели дека во Скопје се враќа со оптимизам за позитивен сигнал во октомври. Димитров на шега и се извини на Мас за неговите чести посети на Берлин.

- „Загубивме генерации поради политички проблеми и нерешавање на спорот со името со Грција. Направиве големи чекори и во односите со Грција и со Бугарија, како и во градење на функционална либерална демократија, која е препознаена од Европската комисија. Вие ќе имате што да кажете за нас од 15 до 17 октомври.“ - Хајко Мас, министер за надворешни работи на Германија.Мас инаку за време на пресот го употреби терминот северномакедонци за потоа да се поправи и да каже жителите на Северна Македонија. Додека Димитров во Берлин продолжува со средби со пратеници во Бундестагот и со високи функционери во кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, германскиот Бундестаг на 25 и на 26 септември ќе расправа за земјава. Премиерите на државите на Вишеградската група, на денешната средба со претседателите на владите на земјите од Западен Балкан, на која учествува и премиерот Зоран Заев ја повикаа европската комисија да одобри датум за преговори во октомври со Северна Македонија и Албанија.

 

0 Коментари

Остави коментари