Ќе им се одземаат лиценците за работа на две друштва за игри за среќа
Министерството за финансии бара да им се одземат дозволите за работа на 2 друштва за организирање игри на среќа, информира денеска на прес-конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
- Двете друштва не платиле ниту една од давачките по основ на повеќе закони во период од неколку години со што најверојатно ја оштетиле државата. Едно од друштвата е формирано во 2022 година и од тогаш не платило ништо иако има обврски кои произлегуваат од Законот за игри на среќа од законите за одредени даноци, како и придонеси за вработените – рече Димитриеска Кочоска.
„Министерството за финансии ја иницираше постапката откако од УЈП како надзорен орган на приредувањето на игри на среќа го доби записникот од извршената надворешна контрола над работењето на овие друштва“, рече Кочоска.