Ќе го врати ли Џафери барањето за формирање на анкетна комисија за тетовската трагедија?
Foto

Ќе го врати ли Џафери барањето за формирање на анкетна комисија за тетовската трагедија?

Анкетната комисија за утврдување на Политичката одговорност на Министерот за здравство Венко Филипче за тетовската трагедија најверојатно ќе почека подобри времиња. 

Според информациите на тв 24 не се исклучува барањето за формирање на Анкетна комисја да се врати како неуредно, а собрансикиот претседател Џафери би се повикал на кратенката „С. Македонија“ која стои на предлогот, наместо уставното име. Последен пример на вратен документ заради истата причина беше резолуцијата за црвени линиии, по што СДСМ амандмански интервенираше во името на државата.

Официјално од кабинетот на Претседателот на Собранието велат дека Џафери има три дена да одлучи за уредноста, одлуката ја навајвуваат за утрре. ВМРО-ДПМНЕ пак и денеска со барање за оставка, но и најава за нови иницијативи - кои не сакаат да откријат какви се. Повторуваат дека со останувањето на функциите власта не сака реална истрага.

- Доколку барањето за формирање на анкетна комисја за тетовската трагедија биде вратено , тоа ќе биде јасен показател дека Џафери е соучесник во попречување на истрагата и и немање на одговорност за трагичната несреќа во која загинаа 14 луѓе. - велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Откако Заев најави дека оставката на Филипчќе ќе ја чува во фиока и нема да реши дали министерот за здравство ќе си оди, додека не биде завршена истрагата, денеска и за формирање на анкетна конмсијата повторно се повикува на истрагата.

 - Нека излезе истрагата, нека сработат професионалците и експертите и нека кажат во суштина преку своите извештаи, а секако Парламентот потоа си има право да формира анкетни комисии, да дебатира, да анализира, да укажува, да корегира итн. - велат од владата. 

Поддршка за барањето на опозиционерите подршка и од опозицијата во албанскиот блок.  Од ДУИ без коментар.  

И додека власта тактизира со политичка цена за трагедијата во Тетово, а опозицијата секојдневно ги прозива, дел од аналитичарите порачуваат дека иако според нив, Заев купил време во однос на оставката на Филипче, сепак нема да може долгорочно да калкулира. 

Според аналитичарите не се очекува да паѓа притисокот за барање на одговорност и за време на кампањата, особено што според анализите, тоа може да се очекува да биде една од темите во фокусот на кампањата на кој ќе инсистира и опоизцијата.

0 Коментари

Остави коментари