Ќе го прочитаат ли надлежните ревизорскиот извештај за ЈСП?

Сегашниот јавен транспорт е концепт стар повеќе од 40 години и е правен за потребите на тогашно Скопје за да ги задоволува потреби на Скопје до 1984 година. Но, денес за град каде стационирани се сите интереси, останува главниот проблем да се провлекува но и да се влошува - јавниот превоз во Скопје стана мачен пропратен со нервоза кај граѓаните кои чекаат автобус за да стигнат до посакуваната дестинација.

Многу извештаи биле напишани за јавниот превоз во Скопје но сите останале на коментари за подобар превоз кој скопјани никогаш не го видоа.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска денеска не сакаше да даде појаснување околу ревизорскиот извештај посочувајќи дека го нема прочитано но и дека тоа се познати работи и потенцираше дека МОН треба да си го плати долгот од 8 милиони евра за да може ЈСП да функционира. Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски рече дека го нема прочитано извештајот но рече дека потребно е силна волја за да се реши проблемот со јавниот превоз во Скопје.

Во извештајот на ДЗР е наведено дека ЈСП не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните на град Скопје. Не е инвестирано во подобрување на возниот парк, превозниците работат со намален капацитет, ЈСП тоне во долгови и не е во состојба да обезбеди квалитетни и навремени услуги на граѓаните. Со ревизијата е утврдено и дека Владата не одобрила пари од буџетот на Министерството за образование за покривање на трошоците за бесплатен градски превоз на студентите во изминативе две години.

Според истражувањето кое го спроведе Еуроњуз, Македонија е меѓу земјите кои имаат најлош јавен превоз во Европа.

Предмет на интерес за подобар јавен и алтернативен превоз на градот Скопје било на многу градоначалници низ годините, Од Костовски, преку Трајановски, па се’ до Шилегов. Арсовска е последната градоначалничка која ветуваше 250 автобуси, но таквата идеја никако да биде реализирана бидејќи голем дел од советниците во Советот на Град Скопје чекаа на премиерот Мицкоски да им сигнализира со зелено светло но и покрај тоа сепак идејата не е изгласана, а скопјани останаа да ги слушат личните апетити на политичарите но не и да добијат квалитетен јавен превоз.