Ќе го доведе ли во прашање Бадентерот евентуалното излегување на Таравари од владината коалиција
Евентуалното излегување на Таравари од владината коалиција и од Влен може да го доведе во прашање бадентеровото мнозинство. Собранискиот спикер Гаши вели се уште не добил официјален допис од Алијанса на Таравари дека излегуваат од парламентарното мнозинство за да се направи нова евентуална распределба на силите во Собранието, но и во собраниските тела.
Сепак на брифингот со новинарите денеска одговарајќи на новинарски прашања рече дека прашањето за бадентер е хипотетичко и дека за одредени важни прашања нормално е пратениците да одлучуваат и по сопствено и лично а не само партиско убедување.
Во однос на бадентерот во рамките на опозициските партии јасно е дека двајца пратеници има од Левица, двајца од СДСМ, 18 од Европскиот фронт а доколку Таравари го напушти парламентарното мнозинство тој ќе излезе со бројка од цели 5 пратеници кои би можеле да формираат и цела пратеничка група - што сериозно го наметнува прашањето за одлучување за важните законски решенија за кои ќе биде потребен бадентерот.
И додека се очекува исходот од средбата која треба да ја остварат Таравати и Мицкоски се наметнува прашањето колку ќе будат успешни и дали Мицкоски воопшто ќе се обиде да го убеди Таравари откако веќе ВМРО-ДПМНЕ поставија нова директорка на Геријатрија место кое претходно го имаше Таравари. Првиот човек на здравство и денеска посочи дека владата ја прави премиерот и дека ќе ја почитува секоја негова одлука.
Престојните локални избори отвораат се повеќе политички прашања за евентуалните преструктурирања и кој со кого ќе коалицира а кој сам ќе го трча изборниот процес. Собранието ќе треба да ги распише најверојатно кон крајот на јули или почетокот на август.