Ќе ги загуби ли град Скопје дел од ингеренциите и дали тоа ќе биде решение за хаосот?

Не се смируваат тензиите меѓу централната и градската власт за хаосот во Скопје. Премирот Христијан Мицкоски вели дека на градоначалничката Аровска и остава една недела за да ги реши проблемите, во спротивно на владина седница ќе се разговара по барањето на скопските гардоначалници да се одземат ингеренциите на градот.

Советници на СДСМ во градското собрание вината за хаост во градот ја лоцираат кај колегите од ВМРО ДПМНЕ кои ги блокрале програмите и проектите .

Од Град Скопје ведна по најавата за одземање на ингренециите возвратија дека Градоначланичката Арсовска го повикува премиерот да ја преземе одговроноста во оние јавни претпријатија каде прествниците на ВМРО ДПМНЕ се домнантни во раководните органи.

“Го охрабруваме Мицкоски да се обиде и да ја превземе одговорноста за членовите на Управните и Надзорните одбори во претпријатијата на градот Скопје каде владејачката ВМРО-ДПМНЕ е застапена со над 90% од членовите на Одборите. Токму овие членови три години се изживуваат врз вработените и граѓаните на Скопје “ - наведоа од Град Скопје.

Граѓаните и невладините организации алармираат дека состојбата во Скппје се влошува во однос на хигиента, на одржување на јавните злени површини, во однос на градскиот превоз.

Ваквиот потег на градоначалниците според дел од партиите беше оценет како политиканство, Од левица посочија дека лекот за агонијата на Град Скопје е во централизацијата, а не во фрагментацијата на надлежностите, напиша нивниот лидер Димитар Апасиев на фејсбук. Градопчалничката Арсовса разреши голем број на директори на јавни пртпријатија, а на дел дури и по неколку за краток период.