Ќе дозволат ли функционерите на ДУИ и Алтернатива, легализација на дивоградбите на Матка?
Foto

Ќе дозволат ли функционерите на ДУИ и Алтернатива, легализација на дивоградбите на Матка?

Тајниот инвеститор на дивоградбите на кањонот Матка – преку институциите прави обид да ги легализира нелегалните градби. Од општина Сарај и официјално доставиле допис до Државниот градежен инспекторат дека за дивоградбите има поднесено барања за легализација, но и дека има донесено решение за легализација. Бз дас прецизираат длаи е позтивно или негативно. Сосема спротивно на владините заложби за транспаретност и отчетност, градоначалникот Блерим Беџети, и директорот на градежен инспеторат Локман Лимани – не даваат детали од записниците направени пред десетина дена.. Градоначалникот Беџети одбива да зборува пред камерите. Во кусиот телефонски разговор – тврди дека „Барањата за легализација ги имаат, но се уште не донеле одлука како ќе постапат“

Барања за легализација имаме, но се уште немаме одлука“ - вели Блерим Беџети.

На нашето прашање, дека и по стариот Закон за легализација на дивоградби, тоа е единствено можно само ако објектот е изграден пред март 2011 година, Беџети, кусо возврати со контра прашање, „како тоа ние знаеме кога почнале да се градат објектите“ и го прекрати телефонскиот разговор. Ова ја отвора дилемата дека инвеститорот чие име општината не го открива – сега ќе се обиде да докажува дека објектот е изграден пред март 2011 година за да може да го легализира објектот. И токму тука клучната улога треба да одигра Државниот градежен инспекторат кој треба да пресече дали во ова заштитено подрчје може да се направи легализација.

Но, и директорт на градежниот инспекторат, Локман Лимани, кој е кадар на Алтерантива, без конкретни одговори како сега ќе постапат, единствено испратија допис дека добиле одговори од Сарај со кој се известени дека пред десет дена направени се три записници со кој е утврдено дека на катастарската парцела 1088 е изведена платформа со површина од 190 м2, за која платформа е побарана легализација, потоа дека на истата парцела е изведено плато со помошни објекти со површина од околу 120 м2, за кое исто така е побарана легализација, но и дека на истата катастарска парцела е изведена платформа за која има донесено решение согласно Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Без при тоа да прецизираат какво решение донесено. Дополнително, проблем е и тоа што урбана опрема не може да биде третирана со Законот легализација.

Општина Сарај е во рацете на ДУИ, и со неа раководи Блерим Беџети, кој се реакција се јави откако министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски – се закани дека доколку општината не постапи согласно законите ќе и бидат одземени ингеренциите, и го повика надлежниот Државен градежен инспекторат, со кој раководи Лимани од партијата Алтернатива, но и тој сега повторно се прогласува ненадлежен за натамошно постапување.

0 Коментари

Остави коментари