Китановска во 24 анализа: Трамп ги започна промените уште од првиот ден во својот мандат
Новинарката од „Гласот на Амеирка“ Лилица Китановска, во 24 анализа рече дека промените и новитетите кои ги најави Доналд Трамп уште во неговата предизборна кампања, ги применил уште во првиот ден од неговото работење. Како што сподели таа, Трамп уште вчера потпишал 50 извршни одлуки а во наредниов период се очекува да ги потпише и останатите.
„Извршните одлуки беа групирани во три дела, едниот дел беше за владата, другиот за економијата и енергијата и третиот што вусшност е главна работа за Трамп беше имиграцијата. Фокусот на неговиот мандат е имиграцијата и тоа отиде до степен што прогласи вонредна состојна на јужната граница на САД“, рече Китановска.
Таа потенцираше и дека голем дел од промените на Трамп веќе наидуваат на критики од Светот, особено моментот каде најавува дека ќе престане да дава државјанства на лица кои ќе се родат во САД.
„Со тоа го предизвикува членот 14 од Уставот на САД и тоа е голема работа. Ваквата одлука не може да се направи со извршна наредба преку ноќ и токму за ова имаше рекации. Иако претседателот има огромна моќ сепак не може да го менува Уставот на таков начин“, изјави Китановска и додаде дека меѓу новитетите на Трамп се најде и забраната за работа од дома но и прогласувањето на картелите за терористички организации.
„Мора да кажам дека иако градоначалничката на Вашингтон не е обожавателка на Трамп и беа во големи конфликти додека беше првиот мандат на Трамп, за одлуката да не се работи од дома се согласуаат и двајцата. Тоа е така бидејќи Вашингтон е празен и неа не и се допаѓа тоа. Во однос на прогласувањето на картелите од Мексико за терористиочки организации би кажала дека Трамп и дава на војската прво да почне да презема акции против нив“, појасни таа.
Лилица зборуваше и за повлекувањето на САД од СЗО и од парискиот мировен договор и според неа ваквиот чекор ќе ја врати Америка векови назад.

