Кирјас во 24 анализа: Најважно е да се изгради Газа и луѓето да имаат дом, идејата САД да ја преземат Газа не е нова

Потпретседателот на Либерална Интернационала Емил Кирјас во 24 анализа рече дека последните изјави на Трамп за преземање на Газа не се нови и тоа е идеја уште од минатото. Според него во моментов најважно е да се н ајдат начини за Газа повторно да се изгради и Палестинците да се вратат дома. Кирјас зборуваше и за тоа дали нашиот договор со Бугарија би се нашол на масата на Трамп.

Ваквата идеја веќе подолго време се пропагира и не е нова и ова не е идеја само на Трамп други и на многу други лидери. Идејата дека Палестинците ќе се преселат во Египет е нереална бидејќи видовме дека Египет не ги отвори границите во текот на војната. Тие не сакаат промена на етничката структура на населението“, рече Кирјас.

Тој објасни и дека според последните истражувања уништувањето на цела инфраструктура на Газа е 28 поголемо од сите изминати 16 години од почетокот на конфликтот.

„Имаше анализа која покажа дека за да се изгради повторно сето тоа што беше уништено во војната во Газа ќе бидат потребни 21 година. Каде ќе живеат тие луѓе.  Не е само тоа што го кажал Трамп важно, важно е кој ќе го финансира градењето на Газа. Важно е да им се стави кров над глава на тие луѓе“, изјави Кирјас.

Во однос на тоа дали Трамп ќе се позанимава со нашето прашање со Бугарија рече дека американскиот претседател ги гледа само работите кои му носат некаква корист.

Бугарија има поголем буџет и ако треба да купува опрема од САД таа би купила повеќе и тука гледаме дека Бугарија ќе има поголема отворена врата кај нив од нас. Друго главниот предизвик на Трамп не е Европа напротив Трамп не сака конкуренти сака да е главен во Светот. Тој кажа дека не е во негов интерес ЕУ да се шири и развива па затоа н е во негов интерес ова прашање“, изјави Кирјас.