Кирјас: Владите на ЕУ категорично да ги отфрлат идеите за прекројување на границите на Западен Балкан
Foto

Кирјас: Владите на ЕУ категорично да ги отфрлат идеите за прекројување на границите на Западен Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека го видел документот кој кружи во врска со промена на грниците на регионот, а разговарал и со словенечкиот премиер Јанез Јанша на оваа тема . Одговарајќи на новинарски прашања за албанските медиуми тој само кратко вели:

-Разговарав со него многу одамна. Го видов и овој документ што излезе. Немам коментар. 

Министерот за надворешени работа на земјава пак Бујар Османи вели дека сите овие информации треба да се земаат со резерва, и јавноста да не се преоптоварува со вакви информации а најважно е таквите иницијативи да не го променат мирот во регионот.  

Од ВМРО-ДПМНЕ пак денеска велат дека немаат што повеќе да додадат на оваа тема освен веќе изнесеното на нивниот лидер, а тоа е дека Мицкоски се слушнал со словенечкиот премиер, каде Јанша му рекол дека зад таков документ не стои тој, туку треба да се прашаат словенечката европратеничка Тања Фајон , премиерот Заев но исто така и Тонино Пицула . 

На оваа тема денеска дебатираа и либералите од регионот, меѓу нив и Емил Киријас кој пак во изјава за тв 24 вели дека владите на ЕУ, но и од земјите во регионот треба да ги отфрлат овие идеи а словенечкиот премиер Јанша јавно и директно да го изнесе својот став по однос на оваа тема. 

Нон пејперот предизвика бура од реакции во јавноста регионот и пошироко. Словенечкиот премиер Јанша пак негираше дека испратил таков документ до ЕУ откако од него објаснување бараше и европратеничката Тања Фајон чиј став пак беше дека таков еден план може да предизвика дестабилизација на регионот.

Од Европскиот совет пак само кратко информираа дека не можат да потврдат постоење на таков документ иако босанските медиуми пак често пишуваа дека Европа е наклонета кон мирна поделба на Босна и Херцеговина која пак заедно со Косово е ставена во фокусот на овој документ.

0 Коментари

Остави коментари