Кирил и Билјана Ахтарови избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал
Foto

Кирил и Билјана Ахтарови избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал

Брачниот пар Кирил и Билјана Ахтарови од Струмица се избрани за принц и принцеза на синоќешниот традиционален маскенбал што се одржа во Хотелот „Сириус“.Тие вечер заедно со кралот и неговата свита ќе ја предводат поворката на Интернационалната карневалска вечер. -Ни претставува чест и привилегија да го предводиме карневалското интернационално дефиле. По втор пат од нашата карневалска група се избира принц и принцеза што значи дека нашата маска е квалитетна и интересна, рекоа Ахтарови, кои за својата креација добија медали од Организациониот одбор на Струмичкиот карневал.

Принцот и принцезата имаа маска на фламингоси. На маскенбалот учесниците беа маскирани во ликови од сите меридијани на светот и со најразлични теми, а имаше и поединични маски направени со многу труд и љубов со што беше најавен главниот настан на Струмичкиот карневал. На денешната Интернационална карневалска вечер, која почнува во 18,30 часот, ќе учествуваат околу две илјади учесници распоредени во 47 групи од земјава и странство. Жири комисијата ќе ги оценува нивните креации, а за најдобрите во повеќе категории се предвидени парични награди.

0 Коментари

Остави коментари