Кире Лазаров вечерва ќе постави нов рекорд во ЛШ
Foto

Кире Лазаров вечерва ќе постави нов рекорд во ЛШ

Најдобриот македонски ракометар во историјата, Кире Лазаров, вечерва на реванш средбата од осминафиналето на ЛШ помеѓу неговиот Нант и полскиот првак Киелце ќе го забележи 250-от рекорден настап во најеминентното европско клупско натпреварување. 

Тој ќе се осами на врвот на вечната листа во оваа статистичка категорија минувајќи го голманот Арпад Штербик. 

На патот до историското остварување, Лазаров ги бранеше боите на Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико Мадрид, Барселона и Нант. 

Со постигнати над 1.000 голови Лазаров одамна е најдобар стрелец во ЛШ која два пати ја освои како играч на Сиудад Реал и на Барселона.

0 Коментари

Остави коментари