Кирацовски: Работата на дедо ми во ЕЛЕМ не е ништо особено!
Foto

Кирацовски: Работата на дедо ми во ЕЛЕМ не е ништо особено!

Вработувањата во ЕЛЕМ на роднини и блиски на партиски и државни функционери не сопираат. Таткото на сопругата на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски е вработен во ЕЛЕМ. Борче Поповски работи во „Фабрика за опрема и делови ФОД ДООЕЛ – Новаци, АД ЕЛЕМ – Скопје”.

Ова за ТВ 24 го потврдија и од ЕЛЕМ и Кирацовски кој сепак тврди дека тој е ангажиран преку приватна агенција и дека тоа е посебна фабрика, која не е ЕЛЕМ.

„Не е точно. Таткото на мојата сопруга е вработен во ДООЕЛ ФОД-Фабриката за опрема и делови преку приватна агенција за вработување. Претходно работел во фабриката Киро Дандаро, а сега работи во алатницата на фабриката за опрема и делови“ - изјави Кирацовски.

Прашан дали имал влијание за вработувањето на неговиот дедо, Кирацовски одговори:

„Со индигнација ги отфрлам грубите инсинуации и алудирањето дека како функционер сум го вработил. Не е ни некоја солидна работа со која може да се пофали човек“ - одговори тој.

Од ЕЛЕМ потврдија дека лицето Борче Поповски е вработено во ЕЛЕМ во ФОД ДООЕЛ – Новаци.

Дедото на Кирацовски е само дел од низата роднини на функционери вработени во ЕЛЕМ. Таму се синот и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска, ќерката на спикерот Џафери, сестрата на министерот за култура, Асаф Адеми, синот на Мирослав Грчев.

0 Коментари

Остави коментари