Кинескиот претседател ја заврши тридневната посета на Русија, мировен предлог далеку од реалност

Кинескиот предлог е добра основа за решение, но Западот и Киев не се подготвени за такво нешто. По три дена средби во Москва, Си Џинпин и Владимир Путин го предупредија да не се преземаат било какви чекори кои би можеле да го турнат украинскиот конфликт во неконтролирана фаза.

Крајот на војната е се подалеку а рускиот претседател ги обвинува САД и Европската Унија дека се подготвени да ја жртвуваат Украина за сопствена корист.

„Сметаме дека многу од одредбите на мировниот план претставен од Кина се во согласност со руските пристапи и дека тие можат да се земат како основа за мирно решение кога ќе бидат подготвени за тоа на Запад и во Киев. Сепак, засега не гледаме таква подготвеност од нивна страна.“ - изјави Путин.

А пред самото заминување од Москва, Кинескиот претседател порача дека во светот се случуваат големи геополитички промени, а со договорите кои ги потпишаале, нивната соработка влегува во нова ера.

„Во моментов доаѓа промена каква што не сме виделе 100 години и ние сме тие што ги поттикнуваме овие промени заедно.“ - изјави Си Џинпин.

Белата куќа пак смета дека доколку Кина сака да игра конструктивна улога во Украина, нејзиниот претседател треба да ја повика Русија да ја прекине инвазијата. Во моментов прекин на војната не е опција бидејќи тоа ќе ѝ овозможи на Русија да ги задржи своите територијални придобивки и би му дозволило на Путин да ги прегрупира своите сили.

„Примирјето во моментов, замрзнувањето на линиите таму каде што се, во основа му дава време и простор што му се потребни за да се обиде повторно да се опреми, да пополни со жива сила, за да го надомести трошењето на ресурсите.“ - изјави изјава Џон Кирби портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби.

За австрискиот министер за надворешни работи, русија секогаш ќе остане важна за европа и покрај  инвазијата врз, а секое друго гледиште смета дека би било погрешно.

„Идејата дека повеќе нема да има Русија и дека можеме да се одвоиме во сите области е заблуда. Достоевски и Чајковски остануваат дел од европската култура, сакале ние или не. Русија ќе продолжи да биде нашиот најголем сосед. Таа ќе остане втора по големина нуклеарна сила во светот.“ - изјави Александар Шеленберг министер за надворешни работи на Австрија.

Во меѓувреме, борбите во земјата се уште траат со несмален интензитет. во изминативе денови цел на напад, е полуостровот крим, кој русија пред неколку години го анектираше. Руската морнарица утрово била цел на напад со беспилотни летала кај пристаништето во Севастопол.

Од јули минатата година украинските сили периодично користат беспилотни летала за да ја нападнат руската поморска база во градот, како и други објекти на Крим.