Кинематографот на „Медена земја“ во карантин во Охрид

Минатата ноќ, кинаматографот на „Медена земја“, Самир Љума напиша на ФБ дека и тој е еден од нашите сограѓани кои со хуманитарен лет се враќаат од Мемингем, Германија. Тој се согласил на 14 дневна самоизолација во државен карантин уште кога бил известен за тоа на аеродромот во Мемингем.

Откако авионот слета во Скопје, Љума на неговиот фејсбук-профил сподели неколку објави, а и видео посветено на атмосферата во автобусот. Како што напиша тој, откако пристистигнале чекале во автобус неколку часа без да знаат во која насока, односно во кој државен карантин ќе бидат однесени. Додека чекале, патниците почнале да бараат храна и вода, бидејќи во автобусот немало на располаѓање.

„По вчерашното патешествие сакам да ви кажам дека имам пријатели и од многу поразвиени земји кои се во карантин во многу полоши услови од нашите, па не се бунат. Индивидуалци кои се уште не разбираат дека се работи за реален проблем со кој се соочуваме и се однесуваат неодговорно, не само што го загрозуваат сопственото здравје и здравјето на сите околу нив туку ги спречуваат и службите да ја вршат работата по одговорно. Шоферот од мојот автобус најверојатно поучен од предходните патници дека за “Мир во куќа” дозволил да се пуши, го направил тоа за да можат да издржат луѓето 6 часа од слегување од авион до карантин. Ќе издржиме и повеќе од 2 недели карантин само да сме здрави и живи. Седете дома за да може пак да се гушкаме“- напиша Љума.