Кина со најмногу златни медали на петтиот ден од игрите
Кина го превзема лидерското место во генералниот поредок кога станува збор за најмногу освоени златни медали на Олимписките игри во Париз.
По пет дена Кинезите имаат осум злата. Следи Јапонија со седум, додека Франција, Велика Британија и Австралија имаат по шест.
Кога станува збор за вкупен број на медали, тука доминираат Соединетите Американски Држави со вкупно 27 од кои четири златни, 12 сребрени и 11 бронзени.