Кина: Осудена на смрт воспитувачката која затру 25 деца
Foto

Кина: Осудена на смрт воспитувачката која затру 25 деца

Воспитувачка од Кина е осудена на смрт затоа што затрула 25 деца во градинката каде што работела, од кои едното почина, јави Би Би Си.

Воспитувачката Ванг Јун беше уапсена минатата година кога деца од градинка во градот Џиазоуо завршија во болница затоа што им се слошило откако јаделе каша за појадок. Потоа 23 деца започнале да повраќаат и ја изгубиле свеста откако појадувале.

Судот утврди дека воспитувачлата ставила натриум нитрит во појадокот на децата на друг учител, откако тие се расправале околу прашањето за управување.

Ова не било првпат Ванг Јун да труе некого, бидејќи судењето покажа дека таа претходно го ставила истиот отров во храната на нејзиниот сопруг, кој поминал со мали потешкотии.

0 Коментари

Остави коментари