Кина и САД постигнаа прелиминарен договор за намалување на царините и трговија
Народна Република Кина и Соединетите Американски Држави постигнаа прелиминарен договор за намалување на некои тарифи и формирање на две нови трговски тела – трговски совет и инвестициски совет, објави Министерството за трговија на Кина, додавајќи дека се постигнати договори и во областите на земјоделството и воздухопловната индустрија.
Според соопштението објавено на веб-страницата на министерството, двата совети ќе се занимаваат со преговори за реципрочни намалувања на тарифите за поединечни производи, како и пошироки намалувања на одредени групи стоки, вклучително и земјоделски производи.
„Преку трговскиот совет, двете страни ќе разговараат за намалувања на тарифите за одредени производи и во принцип се согласија координирано да ги намалат тарифите за производи од заеднички интерес“, се вели во соопштението.
Кинеското министерство додаде дека двете страни, исто така, се согласиле да ја промовираат двонасочната трговија со земјоделски производи, како и да ги решат или да постигнат значителен напредок во отстранувањето на нетарифните бариери и проблемите со пристапот до пазарот за одредени земјоделски производи.
Американскиот претседател го покани Си да ги посети САД во септември.

