Кина ги обвини САД за двојни стандарди по објавата на Трамп за нови царини
Кина ги обвини САД за двојни стандарди и се закани со контрамерки по објавата на претседателот Доналд Трамп за дополнителни царини.
Министерството за трговија во Пекинг денеска соопшти дека Вашингтон долго време го злоупотребува принципот на национална безбедност, применува контроли на извозот, спроведува дискриминаторски мерки против Кина и еднострано ја проширува својата надлежност врз производи како што се полупроводници и компјутерски чипови.
Кина, исто така, ги обвини САД дека ги нарушуваат глобалните синџири на снабдување и ја повика администрацијата во Вашингтон да ги исправи своите „погрешни постапки“, да ги почитув
