Кина евакуираше повеќе од 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел

Кина евакуираше повеќе од 1.600 граѓани од Иран и стотици од Израел, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.

На редовната прес-конференција, Гуо повика на итни мерки за брзо смирување на конфликтот меѓу Израел и Иран.

„Напорите за евакуација продолжуваат и Кина одржува комуникација со Иран, Израел, Египет и Оман“, рече Гуо.