Кикс на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, пораз од Кристал палас
Foto

Кикс на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“, пораз од Кристал палас

Манчестер јунајтед во натпревар од 3.коло на шампионатот на Англија на свој терен загуби од Кристал палас со резултат 1:2. Победничкиот гол за гостите во 90+3 минута од средбата го постигна Патрик ван Анхолт.

Во 69. минута домашната екипа не реализира пенал, откако Маркус Рашфорд ја погоди стативата. Тој беше задолжен да шутира пенали наместо Пол Погба, кој не го реализира ударот од 11 метри во претходниот меч.

Манчестер јунајтед по три кола има 4 бода, исто толку собра и Кристал палас.

0 Коментари

Остави коментари