Киев им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм од безбедносни причини
Украинскиот Совет за одбрана и национална безбедност денеска им забрани на војниците и службениците да ја користат апликацијата Телеграм на нивните електронски уреди поради безбедносни причини.
„Одлучено е да се забрани инсталирањето и употребата на Телеграм на официјалните уреди на владините претставници, воениот персонал, вработените во безбедносниот и одбранбениот сектор, како и во компаниите кои работат на критична инфраструктура“, објави Советот.
Одлуката е објавена по состанокот на Советот за заканите за националната безбедност што ги претставува оваа апликација.
Телеграм е многу популарна апликација за пораки основана од Русинот Павел Дуров.