Киднаперот е убиен во заложничката драма во синагога во Тексас
Foto

Киднаперот е убиен во заложничката драма во синагога во Тексас

По шест часа преговори и специјална операција на полицијата, ноќеска заврши заложничката драма во синагогата на Коливил, предградие на Далас, каде едно лице киднапира четири лица.

-Киднаперот кој вчера ги зеде четворица заложници и ги затвори во синагогата е мртов, изјави началникот на локалната полиција Мајкл Милер, откако беше објавено дека сите преостанати заложници се ослободени и неповредени.

„Тимот за ослободување на заложниците ја нападна синагогата и киднаперот е мртов“, изјави Милер на прес-конференција.

„Молитвите ни се ислушани“, напиша Грег Абот на Твитер. „Сите заложници се ослободени, здрави и безбедни“, додаде тој.

Во синагогата имало четворица заложници, од кои едниот бил рабинот. Киднаперот наводно е брат на Пакистанка осудена за тероризам.

Шест часа по почетокот на кризата, прво беше ослободен еден од заложниците.

Полицијата преговараше со киднаперот во Коливил, Тексас, а за цело време заложничката драма се пренесуваше во живо, наведе локалниот весник „Star-Telegram“ од Форт Ворт.

Полициското одделение од Колевил, претходно на Твитер јави дека спроведува специјална операција во блокот во кој се наоѓа Конгрегацијата „Бет Израел“ и дека сите жители во непосредна близина ќе бидат евакуирани.

0 Коментари

Остави коментари