Кичевецот конечно е тестиран резултатот ќе се знае вечерва околу 20 часот
Кичевчанецот кој одбиваше да се тестира на мајмунски сипаници е контактиран од страна на Комисијата за заразни болести, а од таму за телевизија 24 велат дека е тестиран и ставен во изолација и се чека на неговиот резултат.
- Контактиран, тестиран и ставен во изолација до добивање резултати од тестот. - изјави Злате Мехмедовиќ портпарол на КЗБ.
Од Комисијата за заразни болести апелираат сите граѓани кои ќе пројават симптоми на мајмунските сипаници,потребно е да го контактираат матичниот лекар, а потоа доколку постои сомнеж ќе биде пратен на Клиниката за инфективни болести. Во Институтот за јавно здравје има 3300 тестови за мајмунски сипаници.
Од опозициската ВМРО велат, како и со Ковид 19, така и со мајмунските сипаници власта се однесува неодговорно.
Според податоците на Светската здравствена организација, во моментов Европа е најпогодена од мајмунските сипаници. Според податоците на американскиот центар за контрола и превенција на болести во светот до 9 август се пријавни вкупно 31 800 случаи со мајмунски сипаници.