Кичевчани против најавите да се гради нова болница од почеток, бараат да се доврши веќе изградената која е при крај
Да се доврши започнатото оти се вложени милионски суми на пари- Кичевчани против најавите на Власта за изградба на нов болнички објект. Бараат веќе изградената зграда која е во завршна фаза а се гради четири децении да се доврши и пушти во функција.
Ако се гради од почеток ќе треба да чекаме уште 40 години прашуваат граѓаните? Според фактичката состојба објектот е пред завршна фаза, внатре поставена е и електричната инсталација. Министерот за здравство Таравари иако беше оптимист дека објекот може брзо да се заврши, во последните изјави рече дека подобро и поисплатливо е да се изгради нов на друга локација. Според премиерот пак темелите на зградата не биле добри.
Прашавме што ќе се случува со изградениот објект, дали ќе се пренамени или ќе остане да пропаѓа, како и колку истиот досега ја чини државата и дали некој ќе понесе одговорност за овој случај но одговор од Министерството за здравство не добивме.
Кичевчани од 1985 досега постојано добиваа ветувања од секоја влада и министер дека болницата ќе биде довршена, ќе се лекуваат во најсовремени услови и нова апаратура но тоа не се случи па жителите на Кичево но и на Брод,Пласница и и околните села и понатаму се принудени здравствените услуги да ги добиваат во старата болница која не ги задоволува стандардите и е во многу лоша состојба.