Кичеец: Длабоко сум вознемирена од разрешувањето
Foto

Кичеец: Длабоко сум вознемирена од разрешувањето

По информацијата дека Судски совет ја рарзрешил судијката од Охрид Весна Кичеец поради несовесно и нестручно постапување во случајот со убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски, тв 24 побара побара став на што се должат пропустите. Судијката Кичеец вели дека не и се верувало на информацијата и најави жалба до Врховниот суд против разрешувањето. 

„Искрено не можам да поверувам во информацијава. Секако дека ќе вложам жалба. За Ваша информација, првата моја одлука за Угреновиќ е донесена само по месец и половина од добивање во работа на предметот, по признание на вина и изречена му беше казна од 16 години. За Апелација Битола казната беше висока, ја укинаа пресудата, висока била казната и покрај тоа што остануваа уште помалку од 4 месеци до максиналниот рок за притвор. Повторно ја донесов истата одлука, Апелација ја преиначи на 8 години, Врховен ја преиначи нивната и повторно изрече 16 години. Навистина незнам каде е мојата вина, цените сами, меѓутоа, тоа е што е, мора да се прифати.“ - изјави за тв 24 судијката Кичеец.

Инаку  27годишниот Димитар Матиловски беше убиен на новогодишната ноќ во 2016 пред кафебарот „Табана“ во центарот на Охрид. За убиството се гони српскиот државјанин Бојан Угреновиќ кој тогаш бил турист во Охрид и го претепал Матиловски до смрт. Во меѓувреме, Угреновиќ избега од Македонија.

0 Коментари

Остави коментари