Кичеец бил на информативен разговор за „бомбите“
Foto

Кичеец бил на информативен разговор за „бомбите“

Зоран Милески-Кичеец, еден од осудените во случајот „Рекет“ денеска беше на информативен разговор во полициската станица Kарпош, за аудио-снимките кои се појавија на јутуб изминатите денови, а на кои се слуша неговиот глас.

Од МВР велат дека Милески дошол на разговор заедно со адвокат и од неговиот исказ ќе биде испратено известување до ОЈО. Во изминатите денови се појавија аудиоснимки на кои се слуша гласот на Кичеец во разговори со политичари и бизнисмени.

0 Коментари

Остави коментари