Хуманоста на дело - помош од Македонија за погодените подрачја во Турција и во Сирија

Покрај за Турција се донира и за Сирија, ако донацијата не е дефинирана согласно последиците, бројот на настрадани средствата ќе бидат поделени велат од Црвениот крст. Од таму информираат дека собрани 10 милиони денари за настраданите во земјотресите во Турција и Сирија.

Турскиот амбасадор во Македонија се заблагодари за заедничката мобилизираност со закрепнување на раните.

Здравствените работници од Македонија со хуман потег. Од МЗ информираа дека над 150 доктори се подготвени да заминат во Турција. На плоштад во Скопје, самоиницијативно, меѓу нив и турски студенти со донаторска акција.

Со финансиска помош се вклучи и Град Скопје, Советот со одлука за доделување на парична помош за погодените подрачја од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија во висина од 6 милиони денари.

Покрај Град Скопје, со финансиска помош и останатите општини од Македонија, општина Битола со финансиска помош од 500.000 денари, меѓу општините се Кочани, Виница, Центар Жупа, Штип,

Претходно, Владата одвои 6 милиони денари од буџетот на државата за донација за настраданите по катастрофалните земјотротреси во Турција.