Хрватските власти открија присуство на забранетиот пестицид во македонската зелка

Со вонреден инспекциски надзор ќе се бара производителот на зелката извезена од Македонија во Хрватска во која бима откриена штетната хемикалија имидаклоприд инсектицид која е забранет за користење кај нас, а се претпоставува дека е набавен од црни пазари велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

- За случајот за пратката со зелка на 17.01.2025 година АХВ (Агенцијата за храна и ветеринарство) доби известување дека е уништена на граничниот премин во Хрватска. Причина за уништување на пратката е присуство на резидуи од пестицидот со активна супстанца имидаклоприд (imadaclorprid). Тоа е системски инсектицид кој припаѓа на класата хемикалии наречени неоникотиноиди кои делуваат на централниот нервен систем на инсектите.  велат од Министерството за земјоделие.

Сега инспекциските служби ќе треба да го утврдат извозникот и за точно која пратка станува збор а потоа ќе следуваат и санкции.

- Кај извозникот на таа пратка, фитосанитарниот инспектор ќе спроведе инспекциски надзор со цел да се утврдат производителите од кои е откупена контаминираната зелка. ДИЗ ќе спроведе вонреден инспекциски надзор кај сите производители од кои потекнува зелката за да се утврди кој производител користел нерегистриран инсектицид. Кога ќе се утврди производителот, тогаш на истиот ќе му се изрече соодветна прекршочна мерка. За преземените мерки ќе бидат информирани Фитосанитарната управа и Агенцијата за храна и ветеринарство. Врз основа на информациите што ќе ги добие АХВ ќе информира. - додаваат од Министерството.

Инаку имидаклопридот е забранет во Европската Унија од 2020 година поради неговите штетни ефекти врз здравјето и животната средина.Според истражувањата, овој пестицид може да предизвика невролошки нарушувања, оштетувања на срцето и бубрезите, како и проблеми со тироидната жлезда.а негпова долготрајна употреба може да предизвика сериозни респираторни проблеми па и смрт.Но и покрај забраната постојат индикации дека некои земјоделци сè уште го користат, најчесто поради недоволна информираност за последиците.

Овој инцидент повторно го актуелизира прашањето со каква храна се исхрануваме и колку е таа безбедна за нашето здравје,но  е  потсетник и дека итно треба да се зголемат контролите врз производството на земјоделските производи и на пазарите.