Хрватска со гол во 93. минута ја победи Шпанија во Загреб
Foto

Хрватска со гол во 93. минута ја победи Шпанија во Загреб

Со голот на Тин Једвај во третата минута од судискоот надополнување, Хрватска ја победи Шпанија со 3:2 синоќа во Загреб и остана во игра за пласман во Ф4 од А-дивизијата на Лихата на нации.

На другиот дуел од А-дивизијата Белгија беше поуспешна од Исланд со 2:0.

Резултати на натпреварите од другите дивизии:

Б-дивизија: Австрија – Босна и Херцеговина 0:0.

Ц-дивизија: Грција – Финска 1:0 и Унгарија – Естонија 2:0.

Д-дивизија: Казахстан – Летонија 1:1, Андора – Грузија 1:1, Луксембург – Белорусија 0:2, Сан Марино – Молдавија 0:1.

0 Коментари

Остави коментари