Хрватска одобри воведување на еврото во 2023 година

– Хрватските пратеници денеска го одобрија законот со кој се отвора патот за воведување на еврото следната година.

Земјата треба да ја замени хрватската куна со евро на 1 јануари 2023 година.

Пратениците гласаа со 117 „за“ и 13 „против“ за законот за воведување на еврото. Еден пратеник од 151-члениот парламент беше воздржан, објави Еуроњуз.

Десничарските партии во хрватскиот парламент се спротивставија на воведувањето на еврото, велејќи дека тоа ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе изврши притисок врз граѓаните.

Двете валути ќе се користат паралелно во месеците по официјалното воведување на еврото.

Економијата на Хрватска зависи од приходите од туризмот во текот на летните месеци. Секоја сезона земјата привлекува стотици илјади европски и други странски туристи.