Хрватите во Македонија сакаат да бидат внесени во Уставот

 Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство во Скопје на средбата со претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ, пренесува Индекс.хр. 

На официјалната средба со Јандроковиќ во Хрватската амбасада во Скопје, македонските Хрвати ја пренеле својата посветеност за негување на хрватскиот јазик, историја и наследство, но и укажале на предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението од хрватското Собрание. 

-На Јандроковиќ му биле посочени предностите што ќе ги донесе вклучувањето на хрватската национална заедница во Уставот на  Македонија“, се вели во соопштението.