Хотелот „Gerakini Sitonia vilage“ денес им го прекинал одморот на десет семејства од Македонија
Хотелот „Gerakini Sitonia vilage“ денес им го прекинал одморот на десет семејства од Македонија (семејства со деца), поради нерасчистени сметки со агенцијата преку која патувале. Имено семејствата си имале уплатено цел престој, а агенцијата ги немала уплатено целосно средствата на хотелот.
Моментално луѓето со мали деца се пред хотелот и немаат каде да ја поминат ноќта.
- „Оставени сме на улица тука околу 40 души. Исто така на доаѓање две семејства со мали деца беа оставени една ноќ сами да се снаоѓаат на улица поради нерегуларна работа на агенцијата.“
е огласи и агенцијата која вели дека станува збор за недоразбирање.
„Не им се откажани аранжманите. Се работи за недоразбирање. Туристите ќе спијат во хотелот не само вечерва туку до крајот на одморот до недела. Никој не беше исфрлен туку таква порака добиле од менаџментот на хотелот.“