Хотелите од охридската ривиера со попуст за медицинските лица
Foto

Хотелите од охридската ривиера со попуст за медицинските лица

Попуст од 10 до 20 проценти за летување на охридско-струшката ривиера за сите здравствени работници кои втора година макотрпно ја водат битката со ковид 19 во служба на граѓаните.

Хотелиерите од Охрид и Струга ја прифатија иницијативата на Агенцијата за туризам ова лето да нудат хотелски услуги за медицинарите по намалени цени во знак на благодарност за нивната несебичност и посветеност во борбата со пандемијата. За неколку дена ќе бидат објавени имињата на хотелите кои дефинтивно ќе бидат дел од оваа кампања.

Привилегии ќе имаат и гостите од Србија. Хотелите прифатиле да дадат попуст до 20 % за српските туристи. Се чекаат одлуките на општините за бесплатни паркинзи и карти за во музеите.

Од Агенцијата за туризам ги повикуваат и останатите гранки од туристичко угостителскиот сектор да се приклучат кон оваа иницијатива.

0 Коментари

Остави коментари