Хотелиерите најавуваат зголемување на цените на аранжманите
30% повисоки цени ќе имаат хотелските аранжмани на охридско струшката ривиера оваа сезона најавуваат од ХОТАМ.
Поскапувањето е поради високите цени на производите,енергенсите, а најмногу на повисоките плати за персоналот кои газдите мора да ги обезбедат за да ги задржат работниците.
- И покрај поскапувањето на хотелските услуги, земјава останува најевтина дестинација во регионот. Уште стоиме како една поевтина дестинација. Покрај сите поскапувања кои ги имаме на Балканот сме уште една од поевтините дестинации. Нема повеќе 20 и нешто евра за ноќевање, туку е 30 и нешто евра, а некаде и повеќе. - вели Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.
И покрај инфлацијата и кризата, оваа сезона се очекуваат голем број туристи. Климата на туристичкиот пазар е поволна велат хотелиерите
- Уште стоиме со холанѓаните. Се очекуваат пет, а се споменуваат до осум - девет летови неделно. Турските гости, полските гости, ТУИ Англија се внесува имаме повеќе англичани годинава. - додава Блажески.
Хотелите на брегот на Охридското езеро после неколку месечната пауза повторно се активираа. Пролетва најактуелен е конгресниот туризам.