Хотелиерите бараат политичарите овој пат да си останат на зборот

Хотелиерите се оптимисти дека нема и следното лето постојано да трпат поплаки од гостите за автопатот Кичево-Охрид.

После вчерашните најави на властите дека ќе се работи и зиме и лете со ист интензитет и дека до почетокот на туристичката сезона ќе бидат пуштени нови 40км од автопатот Кичево-Охрид кај нив постои надеж дека и целиот автопат овојпат ќе се заврши до 2026 со оглед дека на терен гледаат градежна офанзива.

Досега целиот сектор претрпел огромни штети поради лошата патна инфраструктура до двата туристички центри на Охридското Езеро. Најмногу поради оваа делница.

Досега автопатот во изградба беше и црна точка на која се бележат голем број сообраќајки, за жал и со фатален исход. Децениската изградба на автопатската делница од 53 км досега чини повеќе од 600 милиони евра, а за нејзиното довршување најверојатно ќе бидат потребни нови финансии.

Сите рокови за финиширање досега се пробија со образложенија дека проектот бил лош, а теренот тешко пристапен. Новите ветувања се дека ќе биде готов во 2026 година.