ХОТАМ бара двојно зголемување на бројот на ваучери за туризам
Двојно да се зголеми бројот на ваучерите за туризам бараат од хотелската асоцијација ХОТАМ. Лани државата издаде ваучери во вредност од еден милион евра, годинава само 250.000 евра, односно 1.250 ваучери. Оваа сезона вредноста на еден ваучер изнесува двојно повеќе, односно 200 евра, но процедурата за добивање е потешка и нивниот број е многу помал.
Според ХОТАМ оваа помош е недоволна.
„Минатата година се искористија околу 65%, што значи 650.000 евра кои беа поделени во сите хотели, кои примаа такви гости, да беа од помош но годинава со значително намалена бројка нема да има ефект односно нема да добиеме индирекна помош“ - вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.
Поддршката од државата треба да се зголеми од причина што и оваа сезона на охридската ривиера досега најбројни се домашните гости, но и нив поради олеснувањето на рестрикциите ги има во помал број од лани оти голем дел заминуваат на летување во странство вели Блажески.
„Никогаш нема да бидат 100% искористени значи секогаш има процент,кој нема да го искористат ваучерот или поради приватни причини или ќе откажат значи околу 1000 ваучери ќе се искористат и кога ќе се поделат во сите хотели тоа е многу мала бројка“, додава Блажески.
Минатата година се искористија 60% од ваучерите за туризам, односно хотелиерите добија околу 600.000 евра индиректна поддршка во време на пандемија.

