Хорор во Гостивар, семејство живее во ужани услови

На социјалните медиуми се појави видео кое ја прикажува секојдневната борба на татко и син од Гостивар, кои живеат во субстандардни услови, без струја и вода.

Во видеото се прикажува дека физиолошките потреби ги вршат во кеси, кои понекогаш ги фрлаат од прозорецот, создавајќи здравствен ризик за нивните соседи.

Семејството тврди дека социјалните служби повеќепати дошле на увид, но без конкретна помош, наведувајќи дека немаат средства и начин да помогнат. Освен материјална поддршка, нивниот случај укажува на потребата од редовен надзор и помош од надлежните институции.