Хорор во Франција, маж бодел луѓе, меѓу кои и деца на игралиште

Две деца и едно возрасно лице се во критична состојба по напад со нож во Франција. 45 годишен бегалец од Сирија, кој барал азил во земјава, утрово тешко повредил неколку деца на возраст од околу три години на детско игралиште во парк покрај езерото Анеси.

Откако напаѓачот ги повредил децата, почнал да бега и ранил уште едно лице пред да биде уапсен од полицијата.

„Ми пријде, па се одалечи од мене. Го видов како оди кон бабата и дедото, па го нападна дедото. Им реков на полицајците „Стелајте го! Убијте го!“ - изјави Ентони Ле Талек.

Во нападот повредени биле осум лица а жртвите веднаш биле пренесени во најблиската болница...Првиот човек на градот побара од жителите да го избегнуваат шеталиштето покрај езерото се додека трае истрагата на полицијата. Се уште се утврдува и дали станува збор за тероризам а познато е дека напаѓачот немал полициско досие.

„Ужасен напад утрово на шеталиштето во Анеси. Моите мисли се со жртвите и нивните семејства.“ - изјави Франсоа Асторг градоначалник на Анеси.

Во Париз, претставниците на Националното собрание и членовите на владата ги прекинаа седниците и одржаа едноминутно молчење. Реагираа и политичарите од власта и опозицијата.

Според Францускиот претседател Емануел Макрон, нападот бил апсолутно кукавички ...првиот човек на левичарскиот француски блок, Жан-Лук Меланшон пак порача дека срцето на секој Французин е скршено на илјада парчиња.