Хорор во Балтимор

Спасувачки тимови од градот Балтимор успеале да ги пронајдат првите исчезнати лица по уривањето на мостот кога во него удрил товарен брод кој пловел под знамето на Сингапур.

Шефот на противпожарната служба, Џејмс Волас изјави дека едно лице е во тешка состојба. 

„Едно лице одбило услуга и да биде транспортирано, во суштина тоа лице не е повредено. Меѓутоа, има уште едно лице, кое е пренесено во локалниот центар за траума, кое е во многу тешка состојба.“ - изјави Џејмс Волас шеф на противпожарна служба на Балтимор.

Сепак, претходно, од противпожарната служба на градот Балтимор соопштија дека спасувачите трагаат по најмалку 20 луѓе во реката чија температура е околу еден степен. Властите велат дека неколку возила биле на мостот кога се случил судирот. Мостот Френсис Скот Ки во Балтимор, Мериленд, пуштен пред 47 години е долг 2,5 километри и е главна врска во меѓудржавниот автопат што го обиколува градот Балтимор, едно од најголемите пристаништа во САД.

Одделот за транспорт во Мериленд соопшти дека сите сообраќајни ленти во областа се затворени во двата правци и сообраќајот се одвива по обиколницата. Мостот е долг повеќе од два и пол километри. Полицијата соопшти дека нема докази дека судирот на бродот што го предизвика уривањето на мостот бил намерен. Бродот "Дали" пловеше за Шри Ланка.

Должината на бродот е 300 метара. Од компанијата "Synergy Marine Group", која управуваше со бродом, наведоа дека треба да се утврди точната причина за инцидентот. Според некои информации, екипажот го известил Одделот за транспорт во Мериленд дека изгубиле контрола над бродот и дека е можен судир со мостот.