Холштајн: Неодржување на првата меѓувладина конференција ќе биде неуспех за германското претседателство со ЕУ

Германското претседателство со Европската Унија има јасна цел  -  да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија до крајот на годината, изјави германската амбасадорка Анке Холштајн.

Неуспех ќе биде ако преговорите со ЕУ незапочнат, изјави амбасадорката потсетувајќи дека во март сите земји членки дале зелено светло за почеток на преговорите и отворање на пристапни преговори за членство со Северна Македонија.

И евроамбасадорот Давид Гир вели дека се надева на почеток на пристапните преговори.